На интернет страниците за видеообмен се појави трејлер преку кого се најавува нов филм посветен на животот и делото на еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 бразилецот Аиртон Сена.
Новиот филм претставува биографско видување кое го разоткрива животот и кариерата на три кратниот светски шампион и е дело на популарниот британски режисер од индиско потекло Асиф Капаида.
Филмот се работи под британска продукција и содржи документарни кадри кои за првпат се појавуваат во јавноста и се донирани од семејството и пријателите на легендата во Формула 1.
Сеуште нема други податоци за филмот како дали се заснова само на составени парчиња од документирани кадри, или пак, е работен по сценарио во кое тие се само вметнати заради автентичност.
Како и да е филмот се најавува како големо откровение во кое се покрива живото и делото на Сена од повеќе апекти кои откриваат до сега малку познати работи за харизматичниот бразилец виртуоз зад волан.
Аиртон Сена трагично го загуби својот живот на 1 мај 1994 година на трката за Големата награда на Сан Марино на патеката во Имола при удар во заштитната ограда на свијокот Тамбурело при брзина од 240 km/h.