Get Adobe Flash player
Се продава Bugatti Veyron Pur Sang
05.03.2008
bugatti-veyron-pur-sang-1.jpgЕден од петте произведени примероци на Bugatti Veyron Pur Sang, претставен на салонот во Франкфурт, кои беа рaзграбани за само 24 часа, сега е на продажба по цена од 3,2 милиони евра.

Оригиналната цена по која Bugatti го продаваше Pur Sang изнесуваше 1,4 милиони евра што значи дека сопственикот сака да го зголеми својот профит за мрсни 230 проценти што веруваме е премногу. Но, цената е таа и е неменлива па кој сака нека повели.

Инаку се работи за автомобил кој поминал само 79 километри и е едиствениот Pur Sang на светот кој се продава во моментов. Веќе кажавме дека станува збор за еден вид тјунирана верзија на Veyron, полесна за 100 килограми.

Минусот тежина е добиен со обилно користење на панели од карбон-фибер, а за дополнителна заштеда симната е и бојата од алуминиумските панели кои се исполирани до совршенство.

Како и да е со Pur Sang добивате редок уникат, но исто така треба да имате и уникатно длабок џеб за да си дозволите еден ваков тркачки коњ во ергелата.


 

 

 

Facebook