На ова интересно прашање кое воедно е од витално значење
за безбедноста во сообраќајот се обидоа да дадат одговор група на научници од
Израел и ги пренесуваме нивните заклучоци.
Без оглед на воведувањето се поригорозни казнени мерки и
обидите на полицијата да стави ред на сообрќајниците, инцидентите и
сообраќајните несреќи место да се намалуваат тие растат.
Секогаш кога ќе слушнеме дека се случила тешка
сообраќајна несреќа прво на што помислуваме е дека возачот возел под дејство на
алкохол. Дефинитивно воланот и алкохолот не одат заедно. Оваа реченица ни се
врежува во главите уште од мали. Но, што станува со марихуаната чие користење
доживува процват секаде низ светот?
Професори од универзитетот Ben Gurion во Израел спроведоа
едно истражување кое даде одговор на ова прашање. За потребите на истражувањето
ангажирани се 14 студенти кои се пријавиле доброволно.
Не седум од нив им е дадено да пијат водка, а на другите
седуммина им е дозволено да пушат марихуана.
Откако и водката и марихуаната почанале да го земаат
својот данок, односно почнале да делуваат студентите биле седнати во симулатор
за возење со огромен екран и исправени пред редица сообрќајни ситуации.
Тие требале да паркираат на тесен паркинг во неколку
различни ситуации како што се паралелно, косо паркирање и маневрирање со
автомобилот на тесен паркинг.
Понатаму возење низ густ градски сообраќај, минување низ
тесни улици полни со паркирани возила и народ кој минува, возење по регионален
пат полн со теретни возила, возење на автопат и низ планински патишта полни
свијоци со стрмни успони и надолнини.
Во секој случај требале да се изборат со едни од
најсложените возачки ситуации со кои возачите се среќаваат секојдневно. И кои
биле резултатите од истражувањето? Можете да претпоставите?
Пијаната група на возачи без исклучок возеле брзо,
агресивно, делувале исклучително самоуверено зад волан и секако предизвикале
еден куп сообраќајни несреќи.
Напушената група од друга страна возела многу бавно,
разсеано, со често менување на правецот и на сообраќајната лента без некоја
конкретна причина, не биле агресивни, но исто како и нивните пијани колеги
направиле еден куп сообраќајни инциденти.
И на крај. Има ли победник во експериментот? Не!
Користењето на алкохол и опијати ја забавува реакцијата
кај човекот и седнувањето зад волан може да резултира во тешки последици, освен
ако не сте зад волан во симулатор.
Затоа препораката за сите што седнуваат зад волан е да се
сетата на старата поговорка, за модерните прилики надополнета. Алкохол или
марихуана и волан не одат заеднo.
|