|
Во правило навикнати сме да размислуваме на соборување на рекорди и поставување на нови секогаш кога ќе се спомене името на патеката Нирбугринг. Но, не е секогаш така.

Сега се работи за нешто друго. За сериозна сообраќајна незгода во која се настрадани ниту помалку, ниту повеќе, туку осум брзи и секако скапи спортски автомобили.
Во верижниот судар настрадале: тјунирани BMW Серија 3 E30 и Серија 3 Е36, BMW Серија 3 E92 M3 Cоupe, Chevrolet Corvette Z06, два родстери Opel Speedster, Porsche 911 тип 964 и официјалното Ring Taxi на Нирбугринг BMW M3 седан.
Според информацијата којашто ја доставува локалната полиција возачите се од неколку европски држави, а сударот настанал во делот на пистата каде што се извршуваат поправки и каде има стеснување и ограничување на 50 km/h.
Еден од возачите не забележал дека возачот пред него, односно првиот во гурпата сопира заради стеснувањето и ограничувањето и удрил во задниот дел на автомобилот заради што излетал од патеката лизгајќи по трева.
Меѓутоа не застанал туку се обидол повторно да излезе на патеката и удрил во други два автомобили. Во истиот момент други три автомобили влегле во стеснувањето и се обиделе да сопрат кога одзади ги удрил седанот BMW M3 Ring Taxi.
Полицијата во Аденау не кажува кој е автомобилот што прв ја предизвикал несреќата, но зата вели дека само еден од возачите е посериозно повреден, а други два имаат полесни повреди. Затоа сите автомобили настрадале прилично.
|