|
22.08.2011 |
|
Значи да го заборавиш својот автомобил како што е Bentley Continental GT на паркинг повеќе од една година и на крај да ти го однесе пајак служба затоа што некој ги информирал за напуштено возило.

Тоа се случило во престолнината на Велика Британија. Имено жител на зградата на чиј паркинг претстојувал овој заборавен Bentley ги информирал градските власти и ги замолил да реагираат.
Жителот сакал на паркингот од зградата да го ослободи паркинг местото кое во центарот на Лондон се плаќа солено. Воедно им објаснил на службите дека автомобилот е паркиран повеќе од една година и не е мрднат од место.
Тешко е да се претпостави зошто некој би заборавил Bentley на паркинг. Одговорот ќе го даде британската полиција која го превзела случајот и по истрагата ќе се произнесе по него.
|