Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Со Land Rover преку Беринговиот теснец
26.08.2008
land-rover-bering-strait-1.jpgАнгличанецот Стив Барџис постави рекорд минувајќи преку Беринговиот теснец во својот Land Rover. Тука можеби и нема ништо чудно освен фактот дека Барџис возел по вода.

Токму така. За разлика од останатите ентузујасти кои се обидуваат да го минат Беринговиот теснец зиме возејќи по замрзнатото море, Барџис, одлучил да го мине лете кога мразот ќе се стопи, морето ќе се смири и ќе се создадат услови за нормална пловидба.

Оваа одлука всушност била суштината на успехот на Барџис кој наместо да биде запишан во книгата на оние што се обиделе да го минат опасниот теснец меѓу Северното ледено море и Беринговото море, тој го минал.

Секако да се преплови Беринговиот теснец со Land Rover изгледа како невозможна мисија, но доколку некој се намерачи може да го стори и тоа. Во случајов со два огромни понтони закачени за шасијата на Defender, одбојник за бранови и елиса задвижувана од карданското вратило на теренецот.

Барџис успешно успеал да го преплови теснецот широк 89,6 km излегувајќи на отворено море. Неговиот Land Rover Defender 130 бил соголен до лим со цел да биде полесен, а внатре останале само основните делови потребни за теренецот да може да се вози.

Ова било неопходно бидејќи 53 годишниот Британец морал со теренецот да мине 16.606 km преку најнегостопримливиот терен на планетата за да стигне до Беринговиот теснец, стартот на неговиот пат преку море.

Пловидбата преку теснецот на крај излегла подолга од планираното, бидејќи поради лошото време Барџис морал да се засолни на островот Мала Диомеда.

Откако врменските прилики се подобриле неколку седмици подоцна Барџис продолжил со пловидбата и пристигнал на Аљаска. Пресреќен, бидејќи успеал онаму каде што другите пред него потфрлиле, Барџис изјавил дека сега ја остава отворена вратата за сите оние што ќе сакаат да го соборат рекордот со најбрзо минување на Беринговиот теснец.

Доколку не се смета долгата пауза на островот Мала Диомеда патувањето преку Беринговиот теснец изнесувало 18 часа и 50 минути.

На крајот од своето патешествие Барџис истакнал дека неговиот успешен експеримент застанува тука и дека нема да има нови обиди. И дека својот успех го должи на извонредните бритаснки гуми Cooper и нормално на Land Rover кој успеал да го мине долгиот пат преку копно и море, а единствената помош било пратечкото возило кое ги превезувало понтоните и платформата во последните 4.000 km од Јакутск до стартот на пловидбата на Беринговиот теснец.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook