Двете луксузни германски марки се нестрпливи да ја почнат
зедничката соработка, но во исто време се многу претпазливи околу ефектот што
една ваква соработка би го имал врз нивниот имиџ.
Сепак, идејата која започна со договорот за зеднички
развој на мотори што значително ќе ги намали трошоците им се допаѓа и на едните
и на другите и сега се наоѓаат во фаза кога сакаат да го продлабочат својот
првичен договор.
Почетната цел на BMW за заштеда
на 8 милијарди евра благодарение на пониската цена на суровитните заради
поголема нарачка која би била поделена меѓу нив и Mercedes се
продлабочува со зеднички развој на оски, управувачки единици, па дури и цели
трансмисиски системи.
Воедно подлабока соработка е можна во некоја подоцнежна
фаза која би опфатила и заедничко конструирање на цели платфроми кои потоа би
биле поделени, односно, дополнително поддесени според афинитетите на секоја
марка.
Друга причина за спојување на историските ривали би била
прекрстување на насоките што секоја од марките ги детерминирала во минатото.
Имено BMW од секогаш ги ословувал своите возила како „Совршено
возачко искуство”, додека Mercedes од секогаш бил застапник на „Рафинираниот луксуз”.
И додека во минатото ваквата поделба би ги довела двете
марки во конфликт, новот време носи нешто друго. Се чини дека со текот на
годините и развојот на технологиите, автомобилите на двете марки полека, но
сигурно, ги вкомпонируваат и двете девизи.
На тој начин се руши долгогодишниот ѕид меѓу совршеното
возачко искуство и рафинираниот луксуз и тие се спојуваат во едно. Од ова може
да се извлече заклучок дека иднината на Mercedes и на BMW носи зеднички
елементи што би резултирало во една идна соработка кон која ниту еден од
производителите не би имал ништо против.
Но, сепак, мора да се биде претпазлив. Единственото нешто
на што би требало да се внимава во случајов е и двете марки да ги замрсат
конците едни на други во обидот да понудат се за сите клиенти. Односно да
заборават на корените и да го изгубат сопствениот идентитет во потрагата по што
поширока публика и што повеќе заработувачка.
Тоа не би им годело ниту на нив ниту на купувачите.
Бидејќи и покрај зедничките елементи што се инкорпорирани во возилата и од
едната и од другата марка, купувачите точно знаат зошто купуваат Mercedes, а зошто
купуваат BMW.
Значи претопувањето на Mercedes и на BMW во некаква
хибридна марка од типот на MercBMdesW може да го зголеми профитот, но нема
да ги направи поголеми. Напротив може де се случи обратното.
|