Lexus годинава повторно застана на врвот на списокот на J.D.
Power, по истражувањето направено за да се добие слика колку купувачите се
задоволни од своите нови автомобили.
Студијата ги мери информациите од квалитетот на услугата
на дилерот, продавачите, сложеноста на процесот за средување на документите и
финансирањето, процесот на испорака и цените на возилата.
Во истражувањето Lexus беше
највисоко рангиран, со освојување на 897 од максималните 1.000 поени за
процесот за набавка на нов автомобил. Уште поважно за Lexus е што
минатогодишната оцена е подобрена за 10 поени.
На второ место изненадувачки се искачи Hummer, тесно
следен од Jaguar, Lincoln и Mercedes.
Во истражувањето беа вклучени повеќе од 38.000 купувачи
кои ги регистрирале своите возила во мај годинава. Од испитаниците дури 44
проценти пријавиле дека потрошиле повеќе пари за набавка на нов автомобил од
планираното.
Студијата исто така покажува дека купувачите кои биле
задоволни од услугата на дилерот при купување на ново возило, продолжуваат да
ги користат неговите услуги и при сервисирање на автомобилот.
Просечно 61 процент од клиентите кои го опишале
купувањето на нов автомобил како „над очекувањата” велат дека дефинитивно ќе се
вратат кај дилерот за да го сервисираат автомобилот.
За споредба 37 проценти од клиентите кои велат дека при
купувањето на автомобил дилерот едвај ги исполнил нивните очекувања никогаш
повеќе не се враќаат кај него.
|