Дефинитивно не недостасуваат неверојатни приказни за модели на Ferrari ископани од некоја штала откако биле оставени
да скапуваат со децении, но ретко која интригира како оваа.
Како студент на универзитетот во Алабама во 1966,
Дарел Вестфол купил тркачко Ferrari од 1950 за 1.500 долари кое го возел додека бил
апсолвент. Вестфол планирал да го рестарврира откако ќе дипломира. Но плановите
се смениле и автомобилот бил осуден да дреме во амбар цели 40 години.
Сега 63 годишниот сопственик се сетил на својот
автомобил, го разбудил од долгиот сон и го донирал на универзитетот каде ги
минал најубавите денови од својот живот.
Универзитетот го продал автомобилот за 1 милион долари
под договор кој ќе им обезбеди на Г-дин и Г-ѓа Вестфол дивиденди со кои ќе
живеат удобно до крајот на своите животи. Потоа капиталот од дивидиендите ќе
оди на сметка за школарини во фондот на универзитетот.
Звучи неверојатно нели? Но, тоа е само дел од приказната.
Детално истражен и документиран од сопственикот, овој Ferrari
166 MM Touring Вarchetta од 1950 е далеку од еден „обичен” Ferrari. Станува
збор за автомобил кој има долга тркачка историја и педигре.
Тоа е еден од раните тркачи на Ferrari со број
0046ММ, чив прв сопственик бил ниту помалку, ниту повеќе туку славниот дизајнер
Нучо Бертоне. Тој своето Ferrari го направил уште попосебно со тоа што го однел во
гаражата на Zagato во 1953 заради преправка на каросеријата по сопствен
вкус откако се натпреварувал со него на фамозното рели Mille Miglia, или 1.000
Милји, во 1950, ’51, ’52 и ’53.
Автомобилот е продаден на музеј во Аризона чив сопстеник
ќе мора да инвестира дополнително 300.000 долари за да го врати во оригинална
состојба.
|