|
Suzuki одлучи во директна борба да му покаже на светот дека неговиот Kizashi е подобар од Audi A4, Mercedes Класа С и Volvo S40 со што им фрла ракавица в лице на трите премиум марки и тоа не е се.

Војната започнува. Suzuki го отвора фронтот на три страни и тргнува во директен напад и се обидува да докаже дека Kizashi победува во секој сегмент: возна динамика, сопирачки, забрзување, безбедност, бучава.
Доколку некој се сомнева во наведеното Suzuki има лек и за скептиците. Сето тоа го документирал во серија рекламни видеа кои ги прикажува на специјалната интернет страница Kizashi Kicks или Kizashi растура.
Причината зошто Suzuki влегува во директен дуел ја откриваат експертите кои велат дека само агресивна рекламна кампања може да ја спаси лошата продажба на седанот кој очигледно тешко се пробива на пазарот во САД.
Бројките го потврдуваат наведеното. Имено во единаесетте месеци од годината што изминува Suzuki продал едвај 5.296 примероци на Kizashi во САД, додека вкупната продажба на марката во САД е намалена за 42%.
Ова е сериозен удар за Suzuki. А дали агресивната рекламна кампања ќе ги смени позициите останува да видиме. Како и да е не може секој ден да се види како еден Suzuki ги победува Audi, Mercedes, Volvo, Acura и... уште некого.
Кликнете на секој од насловите за да ги погледнете победничките видеа на Suzuki.
Kizashi против Audi A4
Kizashi против Mercedes Класа C
Kizashi против Volvo S40
|