Get Adobe Flash player
Светла или не е иднина на Alfa Romeo
25.01.2010

Fiat Group планира да создаде нова групација во која треба да се слеат трите спортски марки Abarth, Alfa Romeo и Maserati. Трите марки да бидат под контрола на едно раководство.

alfa-romeo-8-c-competizione-1

Шеф на групата во која влегуваат трите марки е Харалд Вестер кој во моментов е извршен директор на Maserati и Abarth, a од сега и извршен директор на Alfa Romeo, и е главен технички референт на Fiat Group и Fiat Group Automobiles.

Вестер е главниот виновник за забрзаното воведување на виртуелен инженеринг во Fiat Group со што за половина е скусено времето на создавање нови модели на постоечка платформа. Пример е Fiat Stilo за кого беа потребни 26 месеци развој, додека Alfa MiTo и Lancia Delta дебитираа по само 15 месеци развој.

Целта на реорганизацијата во Fiat Group е да се постигне потесна соработка меѓу Maserati, Abarth и Alfa Romeо и да се оцени вредноста на заедничките квалитети на трите марки во смисол на нивните спортски карактеристики и перформанси.

Главната работа на Вестер како технички референт на групацијата ќе биде да го идентификува потенцијалот за создавање техничка синергија меѓу Maserati како успешна спортска марка и загубарот Alfa Romeo која во последните 10 години на годишно ниво носи загуби меѓу 200 и 400 милиони евра.

Постојат две опции за Alfa Romео основана во 1910 и превземена од Fiat во 1986. Едната опција е да се замрзнат инвестициите по претставувањето на Giulietta и новиот компакт, заедно со MiTo, да останат единствени нови модели на Alfa.

Додека остатокот од гамата на Alfa, моделите: 159, Brera Coupe и Spider и GT Coupe ќе продолжат да се продаваат уште некое време. Ова би значело спора смрт за марката бидејќи продажбите без нови модели ќе паѓаат континуирано до секнување на производството.

Втората опција е да се искористат платформите на Chrysler за наследниците на моделот 166, кој веќе не се произведува и на моделот 159. И двата модели би се произведувале во погоните на Chrysler во Северна Америка по што потенцијално марката би живнала.

Конечниот исход за иднината на Alfa Romeo ќе биде објавен кон средината на април откако ќе заврши проценката и Харалд Вестер го комплетира и донесе завршниот извештај за марката.

Тогаш групацијата Fiat, поточно нејзиниот шеф Серџо Маркионе, ќе го открие стратегискиот план за развој на групацијата од 2010 до 2014 каде влегува и судбината на Alfa Romeo.

Факт е дека продажбата на Alfa константно опаѓа во последната деценија и нејзината гама станува се постара и претставувањето на нови модели постојано се одложува.

Меѓутоа минатата година продажбите на Alfa Romeo забележаа раст од 8,1% во Европа или вкупно 110.545 продадени возила велат од европската асовијација на производители на автомобили ACEА. Сепак тоа е скоро половина од бројката 203.000 продадени примероци во 2000 година.

 

 

 

Facebook