|
18.10.2007 |
BMW го отвори на новиот BMW Welt – Свет,
недалеку од седиштето на компанијата во Минхен. Модерната зграда од челик и
стакло ќе се користи за промоција на автомобили.
BMW го опишува ова здание како центар за доставување и за
уживање во автомобилите.
Секогаш кога некој ќе дојде да си го превзеде својот нов
автомобил ќе биде замолен да почека, додека неговиот автомобил пристига вртејќи
се на една голема ротирачка платформа подготвен за возење.
Новиот центар се протега на 73.000 квадратни метри и е
дизајниран од виенското студио за архитектура Coop
Himleb(I)au. Главен елемент во дизајнот е усукана стаклена кула која би требало
да ги претставува корените на BMW како добавувач на авионски мотори од раните 20. години
на минатиот век.
Како што се заострува конкуренцијата на пазарот за
луксузни автомобили, производителите мораат да бараат начини за соодветно
промовирање на своите возила.
BMW претходно го отвори својот музеј во Лајпциг наречен BMW
Werk во 2005, а вратите на BMW Welt ќе бидат отворени за широката јавност на 21 октомври.
|