Дефинитивно ова е старт на еден нов тренд кого го започна
градоначалникот на Лондон, Кен Ливингстон кој најави зголемување на таксите за
загадување за возилата кои влегуваат во градот.
Таксите достигнаа цена од 25 фунти или 17 евра и беа
наменети за возилата кои испуштааат многу СО2 во воздухот како што се камиони,
автобуси, теренци, луксузни лимузини и високо перформансни автомобили.
Поучени од примерот на Лондон, градските власти во Милано
одлучија да превземат слична акција која би требало да старува на 4 февруари
годинава. Таксата ќе се наплаќа за возилата кои ќе сакаат да влезат во центарот
на градот.
Програмот на Милано наречен EcoPass ќе биде
воведен како проба со време траење од една година. Планот е да се намали
концентрацијата на смог што ја предизвикуваат 89.000 возила кои возат низ
центарот на Милано секој ден.
Милано по Лондон, само ја започнува лавината на
воведување на дополнителни такси во задушените европски градови. Во Рим веќе ја
резгледуваат можноста, со тоа што веднаш ставија забрана за најлошите
загадувачи со погон на дизел, а за останатите се разработуваат детали. Исти
мерки се планираат и во Торино.
Според градоначалникот на Милано, планот EcoPass се
разгледува од страна на многу градови како модел за редуцирање на загадувањето
предизвикано од смогот и за промоција на здрава урбана средина.
Таа планира да го достави планот на програмата до
Обединетите нации со што верува дека планот набрзо ќе го прифатат сите големи
градови на земјината топка.
|