|
10.03.2008 |
Откако се наближува крајот на финализирањето на договорот
со Ford за превземање на Jaguar и Land
Rover, индиската Tata планира дополнително ширење со купување на акции во Ferrari.
Ова не е ништо ново бидејќи индијците веќе од 2006 имаат место
во бордот на Fiat и соработуваат интензивно. Станува збор за испорака на
мотори од Fiat за автомобилите на Tata.
Влегувањето на Tata во бордот на Fiat се
поврзува со откупувањето на дополнителен пакет на акции во Ferrari
од страна на Fiat.
Со овој потег производителот од Торино го зголеми
својот удел во Ferrari со вкупно 85
проценти од акциите и сеуште се воздржува од продажба на 5 проценти од својот
пакет на акции на компанијата Mudabala Development од Арапските
Емирати. Ова значи дека лесно може да се случи пакетот на акции од 5 проценти
да отиде во рацете на Tata.
Секако еден ваков потег воопшто не би бил на одмет на Ferrari. Причината
е многу едноставна. Ferrari планира да влезе поагресивно на брзо растечкиот индијски
пазар на автомобили и партнерството со Tata сигурно би
било од голема полза.
|