Get Adobe Flash player
Тепање со стап за непослушните возачи
06.05.2008
kazna-stap-za-malezijcite-1.jpgНајголемата казна што кај нас можете да ја добиете за брзо и опасно возање е да ви ја одземат возачката дозвола и да платите парична казна од неколку стотини евра.

Секако дека за оние што сакаат да лудуваат по улиците и со тоа го загрозуваат јавниот ред и мир, безбедноста во сообраќајот и животите на граѓаните многумина ќе истакнат дека тоа е малку. Но, така е во повеќето држави.

Оние пак што имаат поголеми проблеми со уличните тркачи и со организиратори на вакви улични натпревари воведуваат поригорозни мерки. На пример во Велика Британија во Манџестер и во Калифорнија на „Брзите и Бесни” ако се фатат по втор пат им се одзема и уништува возилото, но, очигледно ниту овие мерки не вродиле плод во Малезија.

Тамошните власти одлучиле да воведат казна тепање со стап.

Станува збор за предлог закон според кој прекршителите кои прв пат се фатени во улична трка да добијат казна од 5.000 рингити (малезијска валута) износ од 1.000 евра и максимална казна затвор до 5 години како и три години забрана за управување со моторно возило.

Доколку прекршителот е фатен по втор пат му следува казна од 10.000 рингити или 2.000 евра, минимална казна затвор од 10 години и три удари со стап.

Предлагачите на законот велат дека пред се на ум ги имале возачите на високопреформансни и модификувани мотоцкли кои во Малезија се познати под името „Mat Rempits” и дека возачите на автомобили не се ставени на тапет, но доколку бидат фатени и тие ќе ги сносат последиците.

Полицијата исто така има инструкции да ги лови не само возачите туку и организаторите на ваков вид на трки, па дури и постојаните посетители за кои се верува дека се обложуваат.

Нормално и за нив ќе важат истите казни. Иако се чини строго властите уверуваат дека ова е единствениот начин за да се осигура безбедноста на обичниот граѓанин на градските улици и патиштата.

 

 

 

Facebook