Get Adobe Flash player
Тешка сообраќајка без жртви
23.12.2009

Сообраќајната несреќа во која комплетно е уништен спортистот на Audi, R8 и во која за среќа нема загинати се случила во Грција на еден од приодите кон главниот град Атина.

audi-r8-skrsen-1

Очигледно е дека станува збор за силен удар со кој Audi R8 се забил и го откорнал браникот на автопатот кој место да ги штити возилата од излетување при висока брзина всушност бил учесник во големата несреќа.

Парчето браник од силината на ударот успеало да влезе и да го преполови спортскиот R8. Браникот влегол во автомобилот под нозете на возачот, минал меѓу седиштата и излегол низ задното стакло.

Се чини неверојатно дека во инцидентот настрадал само Audi R8, додека патниците останале живи. Возачот, маж, се здобил со повреди, но е вон животна опасност и според докторите брзо ќе се опорави.

Сопатничката пак од друга страна минала без гребнатина, но била под силен стрес и е под лекарски надзор заради предострожност. Секако уплавот е нормална појава после една ваква сообраќајка во која лесно се губи глава.

Наравоучение: Возењето не е играчка.

Без оглед што имаме в рака и сме добри возачи да возиме внимателно!

 

 

 

Facebook