|
Славниот актер Том Круз мошне успешно се справи со болидот од Формула 1 на тимот на Red Bull на патека Вилоу Спрингс во Калифорнија благодарение на својот инструктор Дејвид Култард.

Култард ја пофали истрајноста на Круз кој успеал без проблем да ја издржи сесијата која траела цели седум часа што според него ниту од далеку не е за потценување.
Притоа холиводската ѕвезда успеала да мине 24 круга под полн налет. Секако сесијата почнала со запознавањето на Круз со патеката долга 4 километри, а потоа следело возењето со Ф1 болидот на Red Bull.
Со болидот Том Круз успеал да достигне максимална брзина од 291 km/h, а после 24 изминати круга на патеката успеал да го подобри своето време во однос на првиот круг за цели 11 секунди.
„Пријатно сум изненаден од тоа колку брзо Том Круз успеа да се адаптира на болидот,“ изјавил Дејвид Култард, задоволен од напредокот на својот ученик.
Возењето на Том Круз на болидот на Red Bull е дел од промотивната турнеја на тимот Red Bull Racing во САД која има за цел популаризација на Формула 1 од другата страна на Aтлантикот.
|