|
27.10.2007 |
Музејот на Mercedes во Штутгарт повеќе
не е дом само на автомобили. Музејот влезе во Гинисовата книга на рекорди за
создавање на најмоќното вештачки генерирано торнадо на светот.
Торнадото е високо 34.4 метри и не е дизајнирано како
атракција туку за да го канализира чадот надвор од зградата во случај на пожар.
Архитектонското чудо какво што е музејот нема врати за да
се спречи пожарот да прејде од една во друга просторија, бидејќи тие им биле
препрека на архитектите во нивната визија за зданието.
Но, за да се задоволат прописите наметнати од државата,
конструкторите на музејот морале да смислат начин како да го спречат чадот да
се рашири надвор од границите на пожарот. Па така се родила идејата за
вештачкото торнадо која според нив е единственото логично решение за проблемот.
На вортексот му се потребни околу 7 минути за да се
создаде и е генерирано од 144 млазници и 28 тона воздух. Областа со низок
притисок во средина на торнадото создава еден вид млазник кој го извлекува воздухот
од зградата и го насочува нагоре кон издувниот отвор на кровот.
Изгледа збунувачки, но видеото ги разјаснува работите.
|