|
Најновите финансиски проценки направени од агенцијата Milward Brown Optimor, која го прави годишното истражување за марките познато под името BrandZ Top-100, велат дека Toyota е највредна.

Според MBO јапонскиот гигант е проценет на вредност од 25 милијарди и 198 милиони долари, или во однос на минатогодишното истражување вредноста на Toyota бележи 11%.
На списокот на највредните 100 марки во светот Toyota стои на 27. Позиција. BMW е втората по вредноста марка меѓу автомобилските производители. Вредноста на BMW се проценува на 22 милијарди и 425 милиони долари.
Меѓу стотината највредни марки на светот влегува и Mercedes-Benz кој го зафаќа 50. Место со вредност од 15 милијарди и 344 милиони долари, а Honda e на 56. Место со вредност од 14 милијарди и 182 милиони долари.
Меѓу највердните се и Porsche кој се пласира на 66. место и вреди 12 милијарди и 413 милиони долари, додека Nissan е на 88. место со процената вредност на 10 милијарди и 72 милиони долари.
Интересно е што генерално автомобилските марки бележат раст од 7% отколку пред една година. Според анализите вредност на автомобилските марки ќе расте пред се заради зголемената побарувачка на нови автомобили ширум светот.
|