|
Toyota е автомобилска марка која произведува далеку најдоверливи автомобили. Нејзините модели се најдоа на врвот на листата во 2009 според извештајот на организацијата за контрола на квалитет TÜV.

Извештајот е објавен на почетокот на 2010. Во истражувањето се опфатени преку 200 возила категоризирани во 5 старосни групи: 2 до 3 години; 4 до 5 години; 6 до 7 години; 8 до 9 години; 10 до 11 години.
Истражувањето е спроведено на примерок од 7,5 милиони возила од јули 2008 до јуни 2009 година, ги опфаќа предностите и слабостите на најпопуларните и најпродаваните модели во Германија и се користи како основа за советување на купувачите на користени возила кое го објавува Auto Bild.
Единствениот критериум на оценување според TÜV е техничката исправност на возилата дефинирана според Правилникот за промет на патиштата на Германија.
Испитувани се следните елементи кај возилата: шасија, исправност на светлата, издувни гасови, корозија, сопирачки и влијанието врз животната средина.
Во долниот дијаграм прикажани се бројот на возилата од најдобрите 10 во сите старосни групи по производител, а конкретно за Toyota проверени се по 6 возила во сите старосни групи, од кои дури 15 модели се најдоа меѓу 10 најдобри.
Извештајот на TÜV доаѓа како потврда за квалитетот на Toyota по проблемите со масовното повикување во сервис заради проблеми со педалот за гас и сопирачките на Prius.
Број на возила во најдобрите 10 за сите старосни групи:
|