Toyota е
најуспешниот производител на автомобили на светот. Нејзиниот успех се заснова
на развој на автомобили кои се допаѓаат на пошироката популација отколку на
возила што создаваат страст и возбуда.
Недостатокот од сериозни автомобили со високи перформанси
полека но сигурно ја убеди светската популација дека Toyota прави само
обични достапни и издржливи возила. И толку. Но, ова набрзо ќе се смени.
Првиот чекор е враќањето на спортскиот имиџ на Toyota со
создавање на неколку спортски автомобили. Вториот чекор е да се придобијат
купувачите со веќе стекнатиот углед како производител на хибриди.
Кога сето ова ќе се спои веќе претпоставувате дека во Toyota
работат на создавање на хибридни спортисти.
Првиот од плејадата на овие спортисти најверојатно ќе
биде базиран на платформата претставена со концептот FT-HS прикажан
на фотографијата за кого многумина претпоставуваат дека ќе биде налседникот на
непрежалената Supra. Останатите модели вклучуваат наследник на MR2 и нов
евтин спортист со погон назад.
Причината што го задржува производството на овие
автомобили е тахнологијата на батериите. Сегашните никел-метал-хидрид батерии
се премногу тешки и неефикасни за еден високо перформансен хибрид, а
литиум-јонските батерии се далеку неколку години.
Друг голем проблем е и да се убедат купувачите дека еден
хибрид може да биде спортски. Електро моторите имаат голем вртежен момент
идеален за спортско возење, но недостатокот од соодветно грмење како кај еден V8 па дури и V6 кога ќе се
стисне педалот за гас може да ги одвратат купувачите од купување на еден
хибриден спортист.
|