Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Турски Таксија во Њујорк
22.11.2010

Турската автомобилска индустрија која се смета за една од најнапредните полека но сигурно го освојува светот. Нов доказ е и влез во најтесниот избор на тендерот за испорака на такси возила за Њујорк.

new-york-taxi-2010-1

Имено турската компанија Karsan Otomotiv е еден од трите финалисти на тендерот во Њујорк. Најпопуларниот град на светот чии власти од неодамна одлучија да сменат едно од најголеми обележја на градот, такси возилата.

Според податоците во моментот на улиците на овој светски мегаполис се движат околу 13.200 лиценцирани такси возила од кои најголем дел се големите седани Crown Victoria на Ford кои заради својата издржливост ги користи и американската полиција.

Новите такси возила на Њујорк треба да бидат поекономични, помалку да загадуваат, да бида поманеврибилни и да имаат пофункционален патнички простор како на пример таксијата во Лондон.

На тендерот кого го објави градот Њујорк се појавија голем број на компании, но во финалето влегуваат само три возила Karsan Otomotiv V1, Ford Transit Connect и Nissan NV200.

Од извори блиски до градските татковци на Њујорк се чини дека турскиот производител и неговиот специјално конструиран такси превозник V1 имаат најголеми шанси да го добијат тендерот.

Турците ги надминуваат своите конкуренти во неколку важни аспекти. Возилото е прилагодено за луѓе со разни повреди на екстремитетите и луѓе со инвалидитет кои се возат во колички.

Згора располага и со стаклен кров кој на патниците ќе им овозможи непречен поглед кон најважната работа на Њујорк облакодерите. Nissan NV200 ги нема наведените детали, но затоа нуди можност за возење на струја.

Ford, пак има долгогодишна традиција во такси бизнисот во Њујорк. Па така иако турците важат дека имаат предност, сепак сеуште претстои неизвесност. Воедно постои веројатност дека тендерот нема да го добие само една компанија.

За конечниот исход на тендерот ќе биде објавен на почетокот на следната година. Тогаш ќе се знае дали турскиот жолтко ќе биде новото такси обележје на Њујорк од 2014 година кога се планира стартот на новата такси програма.

Во моментот во Њујорк се движат 16 модели на такси возила кои ги испорачуваат 9 различни производители.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook