Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Украс на улица во Лондон
20.10.2011

На прв поглед личи дека станува збор за дело на некој познат уметник кој одлучил да ја посвети своејата инспирација на градот Лондон со украсување на една од улиците на Британската престолнина.

london-asfalt-so-lisja-1-2011-1

Сепак, не. Се работи за грешка на работниците кои биле задолжени да постават нов асфалт на оштетено парче од една улица во Лондон. Имено работниците не го испланирале времето како што треба.

Свежо поставениот жежок и леплив асфалт бил мамка за илјадниците лисја кои по силен ветар летнале од дрвјата на ближниот парк и се залепиле врз асфалтот давајќи слика како да се насликани од уметник.

Лисјата буквално се запечатени за асфалтот и според граѓаните кои поминуваат од таму нивното вадење нема да оди лесно, а работниците не требале да заминат и да го остават парчето асфалт не покриено.

Како и да е улицата во Лондон личи убаво, проблем ќе биде само сопирањето, посебно за мотоциклите бидејќи лисјата се лизгаат.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook