Get Adobe Flash player
Ultimate Aero EV најбрзиот сериски електромобил
23.01.2009
ssc-ultimate-aero-ev-1.jpgАмериканскиот производител на ултра брзи автомобили SSC - Shelby Super Cars веќе го произведува најбрзиот сериски автомобил на светот, но сега има нов предизвик.

Компанијата сите свои напори ги уcмерува кон создавање на најбрзиот автомобил на светот на електричен погон. Новиот автомобил ќе го носи името Ultimate Aero EV и како што велат конструкторите има батерии кои се полнат најбрзо од било кои досега видени.

Технологијата врз која се направени овие супер брзи батерии е наречена Nanotechnology Rechargeable Litium-Ion Battery или литиум-јонски батерии со нанотехнологија.

Предноста на овие батерии е што можат да го достигнат својот максимален капацитет на полнење по само 10 минути приклучени на стандардната електрична мрежа во САД од 110 V.

Откако ќе се наполнат тие се способни да му обезбедат на Ultimate Aero EV автонимија до 320 km. Батериите сеуште се во фаза на тестирање, но доколку овие резултати се потврдат и во реалност тогаш електромобилите кои се подготвуваат за масовно сериско производство како Chevrolet Volt, Tesla и Fisker можат да бидат исправени пред сериозен проблем.

Во овој случај нивните батерии едноставно нема да бидат доволно добри, а клиентите вообичаено знајќи за новите технологии секогаш ќе бараат нешто повеќе за вложените средства.

Освен системот за брзо полнење на батериите, голем интерес предизвикува и електромоторот на Ultimate Aero EV. Во SSC го нарекуваат AESP – All-Electric Scalable Powertrain или скалест електричен погон.

Тоа што го први уникатен електромоторот е можноста за зголемување на моќноста во определено ниво и нејзино враќање на нормална вредност. Се работи за компактно пакување на електромоторот заедно со системот за разладување исполент со специјална течност чии состав во SSC не го откриваат.

Електромоторот на SSC ќе се испорачува во три верзии со моќност од 200 КС доволни за возила од средната класа, 500 КС за големи пикапи, теренци или спортски автомобили и 1.200 КС потребни за задвижување на тешки товарни возила камиони, автобуси, па и воени возила.

SSC кон средина на минатата година го најави Ultimate Aero EV со електромотор од 500 КС, но во обид да се освои уште еден светски брински рекорд не е исклучено во средина на шасијата да биде поставена и верзијата со 1.200 КС.

Како и да е, од SSC сеуште молчат околу верзијата на електромоторот што ќе се вградува во Ultimate Aero EV, а исто така премолчуваат и околу перформансите на автомобилот и останатите технички карактеристики.


 

 

 

Facebook