Get Adobe Flash player
Ума Турман е изборот на Alfa Romeo
17.05.2010

Рекламното лице на новата модерна Alfa со име на убавица Giulietta е актерката Ума Турман ѕвезда на големите блокбастери како Kill Bill, Batman & Robin, Pulp Fiction, Mad Dog and Glory и ред други.

alfa-giulietta-uma-turman-2010-1

За разлика од Audi кој за промоција на својот нов мал модел А1 го избра пејачот Џастин Тимберлејк, одговорните во Alfa Romeo соодветно на имиџот на марката одбра нешто поегзотично.

Славната актерка е покрај Alfa Romeo Giulietta ја толкува споредната/главна ролја, поточно пет ролји на пет различни жени кои симболизираат пет различни души на автомобилот.

Рекламната кампања за Alfa Romeo Giulietta се снима во САД и наскоро рекламните спотови ќе се појават во сите европски држави каде се очекува стартот на продажбата на новиот милански компакт.

Во моментот од Alfa Romeo пристигнува фотографија од само еден кадар од снимањето на спотовите, а рекламната кампања стартува со слоган којшто е земен на заем од славниот драматург Шекспир и вели „Ние сме такви, какви што ни се мечтите”.

Стартот на продажбата на Alfa Romeo Giulietta е закажан за крајот на месец мај на големите западноевропски пазари, додека на останатите пазари ќе се појавува следствено покривајќи ја цела Европа до крајот на есента.

На почеток Alfa Romeo ја нуди Giulietta со четири трубо мотори опремени со систем Start&Stop кои ја задоволуваат нормата Euro 5.

Станува збор за два турбо бензинци 1.4 ТВ од 120 КС познат од Fiat Bravo и 1.4 TB Multiair со 170 КС. Турбо дизелите се 1.6 JTDM со 105 КС и 2.0 JTDM со 170 КС кои припаѓаат на втората генерација Multijet агрегати.

Малку подоцна се очекува верзијата Quadrofoglio Verde 1750 TBi која под хаубата пакува моќни 235 КС кои на подлогата ги пренесуваат предните тркала.

Цените сеуште не се откриваат.

 

 

 

Facebook