Тврдењето дека никогаш не било полесно да се седне зад
воланот на сосем нов Bеntley
е вистинито. Но, не поради поволните цени туку поради поголемата продукција
условена од поголемата побарувачка.
Факт
е дека од секогаш имало луѓе со доволно пари за да си дозволат еден нов Bentley, но
повеќето од нив, барем до сега се откажувале од идејата поради предолгите
рокови на испорака.
Со превземењет од страна на Volkswagen и модернизација на
производството работите добија поинаков ток. За ова зборува минатогодишната
продажба на Bentley од 10.014
нови автомобили испорачани ширум светот. Нов рекорд за производителот на ултра
луксузни автомобили.
Вкупниот раст на продажбата во однос на 2006 е поголем за
7 проценти, со тоа што растот е забележан на сите важни пазари во светот
вклучувајќи ги тука и Русија и Кина, покрај традиционалните пазари на Bentley, Велика Британија
и САД.
Главната причина за ваквиот раст на продажбата е цената
во однос на најголемите ривали како што се Rolls Royce и Maybach. Имено моделите на
Bentley, купето Continental
GT и лимузината Continental Flying Spur се нудат по цена која е два пати
пониска од онаа на Rolls
Royce Phantom и Maybach
57.
Сепак, извршниот директор на Bentley, Стјуарт Меклоф верува дека парите
не се причината за успехот и тврди дека луѓето се одлучуваат за Bentley бидејќи
сметаат дека Rolls
Royce Phantom им е
премногу стереотипен, додека Maybach
57 премногу наликува на Mercedes.
Без оглед на причините со олкав профит Bentley може опуштено да
влезе во новата година во која исто така планира зголемување на продажбата.
|