Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Видекинг во одбрана на огромната плата
02.12.2007
porsche-ceo-wideking.jpgДа се биде извршен директор на еден успешен производтиел на спортски автомобили немора да значи дека и платата ќе биде на ниво на возачите во Формула 1 денес.

Но, за извршниот директор на Porsche, Венделин Видекинг платата е дури и повисока. Годинава Видекинг заработи близу четири пати повеќе отколку Ралф Шумахер во Ф1 тимот на Toyota. Видекинг ја брани својата заработувачка од околу 60 до 70 милиони евра со објаснувањето за зголеминиот профит на компанијата и дополнителните бонуси за вработените и акционерите.

Секако во негова одбрана се ставаат бројките кои велат дека заработувачката на Porsche, пред да биде оданочена, нараснала за безмалку 4 милијарди евра. Од 2.1 милијарди на 5.9 милијарди во однос на 2006.

Видекинг за својот огромен приход вели: „Сметам дека кога компнијата работи добро, тогаш тие што допринеле за тоа треба да имаат дел од профитот.”

Сето ова е во ред, но останатиот дел од бордот на директори на Porsche заработи помалку од половина од сумата што ја доби Видекинг. Работниците добија бонуси, а акционерите дивиденди зголемени за дури 145 проценти.

Минатата година комплетниот борд на директори на Porsche вклучувајќи го и извршниот директор заработија само 42 милиони евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook