Get Adobe Flash player

Визија на BMW M6
29.12.2009

Не треба да сте дизајнер вработен кај големите производители за вашата студија на автомобил да привлече внимание. Тоа го докажува белгискиот дизајнер Дејвид Кардосо со визијата на BMW M6.

bmw-m6-concept-cardoso-1

Добро нацртаните автомобили секогаш привлекуваат внимание дури и кога се нацртани од независни дизајнери и кога се знае дека ќе останат во облик на студија без било кога да влезат во производствените планови на компаниите.

Токму таков е случајот со брилијантниот белгиски дизајнер и студијата која Кардосо ја нарекува „Идното BMW M6”. Автомобил кој изобилува со интересни дизајнерски решенија и кои тешко дека ќе поминат кај одговорните во BMW.

Но, мора да се признае дека стилот на Кардосо е оригинален и во тој поглед е далеку подобар и од Крис Бенгл уште еден дизајнер за кого требаше да мине време за да биде прифатен.

Кога сме кај Бенгл да се потсетиме на неговата BMW „Петтка” и родстерот кој подоцна стана и купе, Z4. Автомобилите на почеток беа критикувани дека не се вистински BMW за подоцна работите да се смират и автомобилите да бидат прифатени и по нив дури и да се тагува по претстанокот на производството.

Ако Бенгл покажа како е да се нацрта дизајн којшто ќе биде признат по неколку години, тогаш Кардосо е на вистинскиот пат да го повтори успехот на американецот со својата визија на BMW M6.

Гледано одстрана и одзади Concept M6 помалку ги следи линиите на Z4, но острите прекршувања на каросеријата го прават новиот концепт уште повпечатлив, помускулест, нагласувајќи ја моќта која излегува од секој детал.

Concept M6 дури и кога стои личи како да вози „двеста”. Но дали некогаш ќе заживее и автомобилските ентузијасти ќе можат да го почуствуваат? Одговорот е не, но затоа може да се гледа и да се ужива во фотографиите.

 
Get Adobe Flash player