Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во чест на фановите
26.11.2010

Porsche одлучи врз каросеријата на еден од своите модели да напише 1 милион имиња на пријателите на официјалната страница на марката на Facebook и истиот да го изложи во својот музеј во Штудгарт.

porsche-918-spyder-1-2010-1

Решението е донесено од одговорните во Цуфенхаузен кои иако на почеток беа скептици за моќта на Facebook и им забрануваа на своите вработени да го користат заради заштита од индустриска шпијонажа се премислија.

Имено главите на компанијата добија разуверување од своите разузнавачки служби дека можат во целост да се следат информациите кои вработените во компанијата ги поставуваат на социјалната мрежа.

Оттука практично непостои можност, уверуваат тие, информација која е вредна за индустриска шпијонажа да не биде проверена од одговорните служби за заштита на индустриската сопственост на Porsche.

Така се роди и Facebook профилот на Porsche и за кусо време ја достигна бројката од 1 милион приврзаници кои заслужено ќе заминат во историјата и нивните имиња ќе бидат изложени во музеј.

Идејата на Porsche најверојатно ќе ја проследат и други производители. Единствено не се знае кој ќе биде моделот на Porsche што ќе ја понесе тежината на 1 милион имиња и ќе замине во историја.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook