Таа „Немилосрдна потрага по перфекција” очигледно не е
само слоган во Lexus. Тие навистина го мислат тоа, а го докажуваат со
фабриката во која се произведува знаменосецот Lexus LS600h L.
Гледајќи се себеси преку лупата на перфекција, Lexus ја доведе
истата до стадиум на обсесија. Работниците се обучени и ре-обучени и ре-обучени
за да се фокусираат на перфекција.
Тука не станува збор за начинот на кој тимот во Формула 1
вежба брза работа во питстоп. Туку станува збор за зацврстување на прстите од
раката со помош на ластик за цврст стисок, подредување на шишенца со сјај за
уста за да се истренира видот да распознава нијанси на бои, развивање на
чувство за распознавање на тежина од пет наместо шест завртки во рака, учење на
звукот на правилно зашрафена завртка и слични перипетии на кои никогаш не би ни
помислиле.
Едноставно неверојатно?
Работниците мораат да минат низ обемен тренинг,
вклучувајќи предавања, компјутерски симулации и како дополнување физички
подготовки и истенчена вештина за користење на соодветни алатки.
Тренинзите со време стануваат потешки и потешки со цел да
се издиференцираат различните степени на вештина кај работниците.
Само 300 работници во фабриката на Lexus имаат
сертификат за највисоко ниво на подгoтовка Level 1 или Ниво 1.
Но, тоа не гарантира ништо. Секои четири месеци работниците минуваат низ
проверки и тестирања. И без оглед на тоа колку некој е добар, доколку не
прикаже задоволителни резултати на следниот тест статусот му се одзема.
На сите страни се поставени табли со знаци за правилно
однесување и облекување. Мрежите за коса се логичен прибор во одсекот за боење,
но Lexus
бара да се носат дури и во одсекот каде се склопуваат моторите. Каде
воздухот се филтрира подеднакво како кај секцијата за боење.
Иако во фабриката не бараат носење на чизми или некакви
соодветни обувки сепак, инсистираат на чистење на обувките пред да се влезе во
погон. Дури и добавувачите имаат прецизни напатствија за количината на
нечистотија што смеат да ја донесат со себе.
Ова можеби личи дека се претерува со чистотата, но
вниманието посветено и на најситните детали очигледно се исплатува.
Покрај фокусот за чистота и тренинг на работниците,
крајниот продукт исто така се контролира како никаде на друго место. Во
Lexus тестирањето по случаен избор не постои. Таму се тестира секој произведен
автомобил.
LS600h L по напуштањето на производната линија се проверува од
група контролори кои задолжително носат бели ракавици. Бели ракавици носат и
тест возачите кои во жестокиот тест ги проверуваат механичките компоненти и
солидноста при склопувањето.
LS600h L мора да биде толку тивок и без дополнителна звучна кулиса
така што патниците можат да комуницираат меѓу себе со шепот.
Lеxus вработува и двапати повеќе финансиски инспектори од една
типична фабрика на Toyota која во моментов е лидер меѓу останатите производители.
Комбинацијата од најдобро обучени работници кои работат
во чиста средина и крајниот продукт проверен од најискусните и најспособните
инспектори со помош на компјутерска анализа гарантираат дека овој најдобар Lexus е
навистина класа за себе.
Со цена од 100.000 долари претпоставуваме дека
сопствениците на LS ја ценат посветеноста кон перфекција, дури и ако не
знаат што се случува зад сцената на производната линија.
|