Get Adobe Flash player
Во Нов Зеланд купуваш кола добиваш коза
04.06.2009
mitubishi-so-koza-1.jpgЗастапникот за Mitsubishi во Нов Зеланд измисли чуден начин за да привлече нови купувачи во ова време на рецесија кога се замира, a најмногу последици трпи токму автомобилската индустрија.

Затоа одговорните за маркетинг смислие оригинален начин за да се рекламираат. Секој којшто ќе се одлучи да го купи популарниот пикап Mitsubishi Triton L200 ќе добие гратис клима уред... и коза.

Објаснувањето на генералниот менаџер на Mitsubishi Motors во Нов Зеланд за чудниот начин на рекламирање е дека Triton L200 е возило кое во Нов Зеланд главно го купуваат луѓето кои се занимаваат со сточарство.

А козите, како што истакнува тој совршено одговараат со имиџот на Triton L200 бидејќи се издржливи и проодни во секакви услови.

Во случај клиентите да не сакаат коза, според него, Mitsubishi може да ја замени козата со попрактичен промотивен пакет како што се пет години гаранција, бесплатен технички преглед, бесплатна помош на пат за период од пет години, платена патна такса за 5.000 km и слични понуди.

 

 

 

Facebook