Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во пластика е иднината
19.02.2008
plasticna-igracka-1.jpgДоколку сте автомобилски фан од стар ков и неможете да замислите автомобил направен од пластика, бидејќи ве потсеќа на Trabant, тогаш иднината за вас нема да биде розова.

Причина за ова е наглиот скок во користењето на пластика и композитни материјали до страна на производителите за своите идни модели. Се очекува идната генерација на модели во себе да содржи голем дел на пластични делови кои ќе бидат користени дури и на места каде вообичаено не би очекувале пластика.

Целта е да се подобри економичноста со смалување на тежина, додека во исто време се смалуваат трошоците за изработка. Бидејќи деловите направени од пластика се полесни за изработка отколку оние од метал.

Последните истражувања велат дека тежината на компонентите кај автомобилите може да биде пониска за 40 до 50 проценти ако место метал се користи композитна палстика. Едни од најважните елементи што можат да се прават од пластика се деловите на каросеријата како крила, врати, потоа резервоари за гориво, сврзни делови за литиум-јонски батерии...

Еден од производителите што сака што поскоро да ја освои и примени оваа технологија е Chrysler кој веќе е во преговори со повеќе добавувачи кои ќе развиваат и добавуваат делови за неговите идни електрични и хибридни автомобили.

Станува збор за добавувачи кои ќе работат на развој на литиум-јонски батерии, но и добавувачи на каросериски делови и делови од шасијата на автомобилите.

Покрај пластиките, друг сегмент во кој сакаат да навлезат производителите на автомобили е користење на уретански пени на база на соја, наместо досегашните кои се на база на нафта, за изработка на делови од ентериерот како седишта, армарура, панели на врати и слично.

До лани најголемиот производител на автомобили на светот GM, е заинтересиран за користење на делови изработени од карбон-фибер. Секому се јаcни придобивките на карбонот. Структурите направени од него се појаки од оние од челик, a тежината е многу, многу помала. Имено карбон-фибер е пет пати полесен од композит, кој пак е двапати полесен од челик. Оттука доаѓа и желбата за користење на карбон кој значително ќе ја намали тежината на автомобилот и ќе ја зајакне неговата стурктура. Сето ова ќе се одрази на смалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови, чиви стандарди се заоструваат од година во година.

Па зошто тогаш производителите не кориситат карбон-фибер во обилни количини? Одговорот е едноставен: Поради цената. Но, како и кај секоја нова технологија со тек на време цената и на овој материјал ќе падне.

Во моментов побарувачката за карбон-фибер е огромна. Големите производители на авион како Boeing и Airbus за својата нова генерација на авиони користат карбон и затоа неговата цена на пазарот е повисока од било кога.

Ова е лошиот дел од вестите околу крабон. Добриот е што се повеќе и повеќе фирми почнуваат да произведуваат карбон-фибер, а со омасовување на производството и цената оди удолу. Да се потсетиме дека на некогаш и алуминуимот беше скап, исто така и магнезиумот и други напредни материјали, но со текот на времето нивната цена стана прифатлива.

Иднината лежи во користењето на лесни материјали. Строгите прописи полека, но сигурно ги притискаат производителите на автомобили и нивната масовна примена е неизбежна.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook