Get Adobe Flash player
Во Шпанија се вози на сок од портокали
25.04.2007
orangesБиогоривата постигнуваат бум - во Шпанија. Земјоделците во Валенсија користат цитрони како замена за маслена репка. Тоа ќе отвори 22.500 нови работни места.

Од пред неколку месеци Естебан Гонзалез Понс ги гледа огромните плантажи со портокали поинаку. Додека 180.000 хектари се во полн процвет, тој мисли на иднината. Валенсија годишно произведува четири милиони тони од овие цитрусови плодови, но Гонзалес Понс, кој е одговорен и за еколошките прашања во општинската управа, се интересира само за нивната кора. Од неа се добива биоетанол, значи еколошко гориво. Шпанија веќе е најголем производител на биоетанол во Европа, главно од јачмен и пченица. Но, научниците во Флорида открија дека се погодни и остатоците при преработката на портокалите и таму сега за прв пат ќе почне да се применува постапката.

Биогоривото од остатоци од портокали ќе биде важен придонес на долг рок да се намали зависноста од нафтата. Со корите од портокалите за неколку години може да се добијат 37,5 милиони еколошко гориво за 550.000 возила, а тоа е една четвртина од возниот парк во Валенсија. Од еден тон остатоци од портокали се добиваат 75 до 80 литри биоетанол.

Шпанците буквално го имаат пред врата партнерот што е многу важен за овој проект. Европската филијала на Ford произведува 20.000 мотори на биоетанол годишно, од кои главнината се извезува во Северна Европа. Минатата година Ford продаде само 800 возила во Шпанија со погон на биоетанол. Но, тоа е почетокот.

Валенсија има план да го копира шведскиот модел, кој има за цел комплетно ослободување од нафтата до 2020 година. Биоетанолот ќе може да се произведува индустриски за 10 до 15 години. Понс се надева на 2.500 директни и уште 20.000 индиректни нови работни места во регионот. Независно дали Шпанија ќе го изгради погонот, Понс е сигурен во едно. Сите возила од локалната управа на Валенсија од 2010 година ќе возат на зелено гориво - по можност од портокали.

 

 

 

Facebook