|
Малиот големец на Volkswagen, Up! го постави својот прв Гинисов рекорд и во својата кабина собра ниту помалку, ниту повеќе, туку 16 луѓе од кои повеќето се поситни девојки, но сепак, се 16 на број.

Според пропозициите на Гинисовата книга на рекорди за да се постави ваков вид на рекорд потребно е луѓето кои успеале да се протнат во автомобилот да останат во кабината 10 секунди, а сите врати и прозори треба да бидат затворени.
За да се задоволат пропозициите на Гинисовата книга на рекорди и за да се оствари рекордот 16-те луѓе од кои 15 девојки и едно момче требале да го завземат буквално секое можно просторче во малиот автомобил.
Па ако треба дури и да се легне врз арматурата и да се влезе во багажникот. Распоредот бил следен: седум седнале на задна клупа, четворица на седиштата напред, еден на арматурата, двајца во багажникот и двајца се скуткале на под.
Потоа вратите биле затворени, 16-те кандидати издржале затворени 10 секунди во автомобилот долг 3,54 m, широк 1,64 m, висок 1,48 m и со багажник од 251 литри и рекордот бил загарантиран.
Секако сета оваа гимнастика има многу малку допирни точки со комфорот, но затоа е забавно. Целата приказна околу поставување на ваков вид на рекорди велче корени од 1950-те години.
Тогаш се започнало се сместување на што повеќе луѓе во телефонска говорница, потоа телефонската говорница била заменета со популарната „Буба” на VW која успеала да собере дури 17 луѓе на настан во Австралија.
Ултимативниот Гинисов рекорд врзан за „Буба” e за втората генерација, односно за New Beetle во која собрало 27 луѓе, сите студенти од САД, кои успеале да се сместат во неа во 2001 година.
|