Get Adobe Flash player
Водороден автомобил од парите на Пих
17.06.2009
riversimple-urban-car-1.jpgВо комплексот на музеи во Лондон, Somerset House, компанијата River Simple представи свое видување на нов градски микро автомобил за во иднина кој како погонско гориво користи водород.

Според информацијата што доаѓа од River Simple во моментов на светот постои само еден примерок од Riversimple Urban Car како што гласи полното име на автомобилот. Но, набрзо компанијата ќе бара финансиска помош за да се произведат уште десетина примероци по што ќе се пристапи кон сериозно тестирање на концептот.

Водородниот автомобил нуди две места за седење и е конструиран од River Simple во тесна соработка со британската компанија Horizon Fuell Cell Technologies и универзитетите во Оксфорд и Кренфилд од Бедфордшир, a е изработен во компанијата Alan Docking Racing во Силверстон.

Најинтересен момент во создавањето на Riversimple Urban Car е што средствата за развој и за изработка покрај Riversimple доаѓаат и од Себастијан Пих, правнук на Фердинанд Порше, а комплетниот автомобил е изработен од карбон-фибер и тежи само 350 килограми.

Riversimple Urban Car претставува голем чекор кон создавањето на практично превозно средство за 21. век и исполнување на сонот на мојот прадедо за пристапен приватен транспорт во комбинација со неговата друга страст, мала тежина и висока ефикасност, изјави Себастијан Пих на претставувањето на автомобилот.

Автомобилот за задвижување користи четири електромотори сместени во секое тркало кои воедно имаат финкција и на сопирачки. Енергијата потребна за задвижување ја добиваат од горивни ќелии каде хемиската реакција меѓу водородот и кислородот ослободува електрична енергија.

Конструкторите тврдат сека со еден резервоар автомобилот може да мине 385 km и да достигне максимална брзина од 80 km/h, додека за забрзување до 50 km/h му се потребни само 5,5 секунди.

Доколку се тече според плановите Riversimple Urban Car треба да се појави на пазарот во 2013 и како што наведуваат од компанијата нема да биде наменет за продажба туку за изнајмување.

Секако тој што ќе изрази желба ќе може и да го купи, но принципот би бил поинаков. Сопственикот би го изнајмувал Riversimple Urban Car на подолг временски период, додека редовното сервисирање и поддршката би била на терет на компанијата.

Со ваквиот начин на функционирање од River Simple предвидуваат дека Riversimple Urban Car би имал животен век од 20 години.

 

 

 

 

Facebook