Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volkswagen го престигна Ford
02.09.2008
vw-logo-1.jpgПроизводителот на автомобили од Волфсбург според продажбата во глобални рамки во првата половина од годината го надмина Ford и сега се наоѓа на третата позиција.

Зголемената продажба укажува на забрзаното темпо на напредок на групацијата на Volkswagen. Продажбата на VW во првите шест месеци од 2008 е зголемена за 7,2%, односно се продадени 3,31 милиони автомобили. Тука се вклучени и оние возила кои им се продадени и на дилерите.

За разлика вкупната продажба на Ford, со возила продадени на дилерите, изнесува 3,22 милиони каде се вклучени и 125.000 примероци од Jaguar и Land Rover кои преминаа во рацете на Tata на почетокот од јуни.

Вкупната продажба на автомобили кај производителите најчесто е малку надувана бидејќи тие во продажба ги прикажуваат и возилата кои им се продадени на дилерите, а познато е дека производителите ги притискаат дилерите да купуваат, односно прифаќаат, повеќе возила од онаа бројка што тие реално можат да им ја продадат на купувачите.

Volkswagen е еден од производителите кој, сепак, бројките на продадени автомобили на месечно ниво ги базира на бројот на продадени автомобили на купувачите, а не на дилерите.

Доколку како репер се земе овој податок, тогаш реалниот раст на продажбата на Volkswagen изнесува 5,8% во првите шест месеци од годината или претворено во автомобили 3,27 милиони што е бројка која повторно ја надминува продажбата на Ford.

Ford од друга страна пак не ги објавува бројките на продадени автомобили на купувачите туку само оние кои се однесуваат на вкупната продажба, а тука се вклучени и дилерите. Ова значи дека бројката од 3,22 милиони продадени автомобили, во првото полугодие е значително помала.

Причина за ваквата политика на Ford е што вкупната продажба всушност е репер за заработувачката на еден производител како на квартално така и на годишно ниво.

Своето задоволство од напредокот на компанијата го изрази и претседателот на управниот одбор на групацијата Volkswagen, Др. Мартин Винтеркорн: „Ние сме особено задоволни што за прв пат групацијата Volkswagen е меѓу првите три производители на светот”.

„Ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат со, до сега, најсилното присуство на меѓународниот пазар со широка палета на модели. Планираме системски да го зголемуваме растот во продажбата и покрај тешкотиите кои во моментов се присутни во економијата на глобално ниво,” го заврши своето излагање Др. Винтеркорн.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook