Get Adobe Flash player
Volkswagen го сака Giugiaro
20.05.2010

Volkswagen го сака само најдоброто. Дизајнерското студио кое ја скрои првата генерација на легендата Golf, Italdesign Giugiaro му запнало за око на германскиот гигант и зделката е пред завршница.

italdesign-giugiaro-2010-1

Според информацијата која доаѓа од VW, преговорите меѓу двете компании се завршени и дека се чека официјалното потпишување на договорот кое ќе се случи идната седмица.

За сега други информации нема и од Volkswagen и од Itladesign одбиваат да коментираат за условите под кои славното дизајнерско студио преоѓа во рацете на Volkswagen групацијата.

Но, зошто на Volkswagen му е потребна соственост над Italdesign. Купувањето дизајнерската куќа се врзува со плановите на групацијата VW за зголемување на продажбата на своите модели на 10 милиони примероци годишно до 2018 година.

Секако, ниту мала, ниту едноставна задача за компанијата. За да се достигнат посакуваните бројки на Volkswagen му се потребни уште десетици нови модели кои би пристигнале на пазарот во следните 8 години.

За таа цел потребни се нови дизајнери и свежи идеи кои VW ги препознава токму во Italdesign, односно од движечката сила на студиото основачот Џорџето Џуџаро и неговиот син Фабрицио Џуџаро кои по купувањето на компанијата остануваат на своите раководни позиции.

Дизајнерското стурио Italdesign Giugiaro чие седиште се наоѓа во окоината на Торино е основано од Џорџето Џуџаро во 1968. Студиото денес вработува 975 лица, а Џорџето е претседател на бордот на директори.

Неговиот син Фабрицо, исто така талентиран дизајнер, е шеф на одделот за дизајн на автомобили. Автомобилите се главна, но не и единствена преокупација на Italdesign кое се занимава и со други гранки на индустриски дизајн.

Без оглед на успешните дизајнерски остварувања на Italdesign Giugiaro, компанијата повеќе години работи со константна загуба и нејзината финансиска состојба е расклатена.

Според официјалните податоци само во 2008 Italdesign Giugiaro оствари загуба од 6,2% или претворено во пари тоа се 136 милиони евра. Се проценува дека загубите во 2009 биле уште поголеми, а финансиската состојба ниту годинава не е сјајна.

Сепак, во Giugiaro можеби незнаат да водат финансии, но затоа знаат да дизајнираат автомобили. Дел од нивните проекти во галеријата се доказ.

 

 

 

Facebook