Get Adobe Flash player
Volvo: 81 години историја
14.04.2008
volvo-81-godina-istorija-1.jpgНа денешен ден пред осумдесет и една година, Volvo започнува со производство на  автомобили. Токму така. Првиот автомобил е произведен точно на 14 април 1927.

Денес секој знае дека Volvo произведува безбедни и квалитетни автомобили, но малкумина знаат дека репутација не е создавана со децении. Туку е стекната од самиот почеток.

Имено Volvo ја создала фамата дека прави најбезбедни автомобили на светот уште пред да го продаде првиот автомобил. Приказната почнува во 1926 кога за време на тестирање првиот автомобил на Volvo што бил направен се судрил во директен судар со еден американски автомобил некаде во Шведска.

И додека американецот бил тоталн уништен автомобилот на Volvo бил едвај изгребан што било доволно за да се создаде фама уште пред стартот на продажбата на автомобилите на Volvo, а која трае и ден денес.

Volvo исто така е првиот производител кој во серија го вовел ременот со три точки на врзување, кого го користеме секојдневно. Тој е и првиот производител што вградил катлитички конвертор – катализатор во своите автомобили.

Но, за да не разврзуваме премногу со зборови сето она што може да се дознае за Volvo е претставено во еден девет минутен курс по Волвологија.

 

 

 

Facebook