Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo со хибриден камион соборува рекорд
04.11.2010

Шведскиот производител на камиони Volvo Trucks кон средина на годината постави светски брзински рекорд за камион со дизел мотор, а в година се подготвува за нов рекорд со хибриден камион.

volvo-mean-green-2010-1

Станува збор за камион со хибриден систем составен од дизел спарен со електричен мотор. Овој прототип на зелен камион кој сеуште е далеку од сериско производство носи американско име Meаn Green или Лут Зелен.

Името не е ставено залудно. Камионот дело на шведскиот инженер од Volvo Trucks, Олоф Јохансон носи конвенционален дизел мотор со зафатнина од 16 литри кој користи битурбо технологија Volvo Penta со директно вбризгување на горивото.

Максималната моќност на дизелот е заокружена на 1.900 КС, а електромоторот помага со дополнителни 200 КС. Максималниот вртежен момент на хибридниот систем е ограничен на 1.000 Nm кои до задните тркала се пренесуваат преку автоматски менувач I-Shift.

Значи Meаn Green има добра подлога за своето име. Зад волан на овој лут камион потенцијален рекордер ќе седи уште полутиот возач Боје Овебринк, шведски тркач кој редовно учествува во трките со камиони и освојува награди.

За да успеат во намерите тимот што стои зад Mean Green долучиле значително да ја смалат тежината на камионот со користење на карбон-фибер за кабината, хаубата и браникот па така ова Volvo во однос на серискиот модел има за 43 kg помал притисок врз предната оска.

Дополнително инженерот Јохансон одлучил комплетно да го отстрани првиот степен на пренос од менувачот кој се покажал како непотребен заради огромниот вртежен момент со што тежината паднала за уште 7 kg.

Задоволувањето на тежинскиот потенцијал допрело и до возачот Овебринк кој иако камионџија ветил дека ќе се откаже од многу вкусни благодети и дека ќе симне 20 kg од сопствената тежина само за да се собори брзинскиот рекорд.

Овој лут зеленко ќе се обиде да го собори светскиот брзински рекорд и да стане најбрзиот хибриден камион на светот в година на пролет.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook