Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Возете бел автомобил за да спасите глава
16.07.2007
belo-autce-za-spasБелите автомобили можеби се досадни, но неодамнешната студија на фондацијата RACRoyal Automobile Club покажува дека тиe помалку учествуваат во сообрaќајни незгоди.

Прецизните бројки од студијата велат дека светло обоените автомобили имаат 12 проценти помалку шанси да бидат инволвирани во сериозна сообрaќајна незгода отколку автомобилите со темна боја.

Статистиката исто така вели дека сообраќајните незгоди во кои учествувале автомобили со светла боја не се толку сериозни. Студијата е направена во Австралија и земени се предвид сите сообраќајни несреќи кои завршиле со смрт, тешки повреди или тешки оштетувања на автомобилoт меѓу 1984 и 2004.

Светлите автомобили дефинитивно се побезбедни, но постигнуваат и полоша вредност при препродажба. Во преку 18 години кои се опфатени со студијата белите автомобили во просек чинеле околу 700 евра помалку отколку автомобилите со потемна боја.

Темните бои воопшто се многу попопуларни отколку боите на другиот крај од спектарот што го објаснува големиот пад на вредноста на светлите автомобили.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook