|
Полицијата во Унгарија почнала да ги бара луѓето кои што живеат во матичната држава, а своите возила ги регистрираат во Словачка што е честа пректика во Унгарија заради енормно високите давачки.

Унгарците регистрираат возила во Словачка бидејќи таму за регистрација се плаќа само 66 евра, додека во Унгарија давачките зависат од цената на автомобилот, не од зафатнината, или од моќноста.
Па така давачките можат да достигнат висина и до 10.000 евра годишно за регистрација на еден автомобил. Тоа е добра причина за низа фирми од Унгарија да понудат регистрирање на возилото во Словачка.
Тие за своите клиенти дури регистрираат и фиктивни фирми во Словачка и на тој начин им ги олеснуваат давачките. Затоа полицијата почнала да ги бара луѓето со вакви фиктивни фирми за да ги принудат да ги платат даноците во Унгарија.
Шефот на Унгарската царинска служба наведува дека со помош на полицијата тие ќе ги бараат унгарските граѓани кои неможат да докажат дека поголемиот дел од годината живеаат во Словачка.
Потоа нивниот третман ќе биде како на нарушители на даночните закони и заради тоа ќе бидат казнувани.
|