Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW планира нова платформска стратегија
28.11.2007
dresden-vw-phaeton-factory.jpgЗа да ја достигне зацртаната цел од годишно производство од десет милиони автомобили до 2018, Volkswagen планира да направи неколку ревизии на своите платформи за да ги намали трошоците.

Volkswagen развива четири нови платформи врз кои ќе почиваат најголемиот дел од автомобилите на групата VW, вклучувајќи нов дизајн и за Lamborghini, Audi и Bentley.

Првата платформа ќе биде со попречно поставен мотор со работен назив MQВ која ќе се користи за моделите од мала-ниска-средна и висока средна класа. Врз оваа платформа би требало да почиваат околу шест милиони возила што ја прави најголема во автомобилската индустрија.

Втората по распространетост платформа е MHB ќе се користи за новата гама на минија вклучувајќи го и концептот up!.

Трета платформа се развива за идните премиум спортски автомобили на VW со централно поставен мотор. И ќе се користи за новата генерација на модели од Lamborghini, а отворена е можноста и за евентуален многу подостапен малечок Bugatti.

Четвртата и последна платформа веќе се наоѓа на улица во форма на новите модели на Audi, A4 и А5. MLB како што се нарекуваа оваа платформа носи надолжно напред поставен мотор за погон на предни или на сите четири тркала. MLB ќе се користи и за новата генерација на А6 и на А8 како и за новиот Paheton и Bentley.

Со поделба на основаната структура и компоненти се очекува трошоците за развој да бидат пониски за 40 проценти.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook