|
Пред да помислите дека новиот VW Polo добил некаква опасна преработка која е наменета за да се натпреварува во популарните драгстер трки и дека тука нема ништо интересно, застенете на миг.

Се работи за драгстер автомобил создаден на основата на првата генeрација на Polo. Автомобилот е наречен VW Polo I 4Motion 16V Turbo, а под конструкцијата се потпишува германската фирма AME Rennsporttechnik Berlin.
Како што велат во АМЕ, драгстерот Polo I не е ништо ново, бидејќи се трка веќе две години. Причината зошто се одлучиле да и го претстават на јавноста е вградувањето на нов мотор во каросеријата која е произведена далечната 1979.
Технички драгстерот нема ништо заедничко со автомобилот од 1979. Новиот мотор има зафатнина од 1.85 литри четири цилиндри секој со по четири вентили и турбо полнач.
Моторот е креација на инженерите од АМЕ и користи блок од познатиот турбодизел на Volkswagen 1.9 TDI остварува максимална моќност од 1047 КС и вртежен момент од максимални 950 Nm, а максималниот број на вртежи изнесува 9.400 врт/мин.
Снагата се пренесува на сите четири тркала преку шест степен мануелен менувач, а за оваа намена се користи верзијата на Quattro погонот која Audi ја вградуваше во претходната генерација на Audi TT.
Тежината на VW Polo I 4Motion 16V Turbo изнесува 920 kg, забрзувањето, поточно катапултирањето до 100 km/h трае 3,2 секунди, а максималната брзина што ја достигнува на писта од 402 m изнесува 257 km/h.
Уште повеќе импресионираат следниве перформанси. Од 0 до 200 km/h VW Polo I 4Motion 16V Turbo стигнува за 6,3 секунди, а од 0 до 250 km/h за 9,0 секунди.
Максималната брзина на VW Polo I 4Motion 16V Turbo оди малку преку 300 km/h и тогаш моторот се врти на 9.000 врт/мин.
Импресивно нели? Како ли само изгледа во живо да се гледа VW Polo I 4Motion 16V Turbo кој при сопирање од силниот зaлет е способен да ги згужва предните гуми.
|