Идејата доаѓа од Opel.
Одговорните во компанијата сакаат да ја воксреснат славната германка марка Wartburt исто како
што Renault тоа го стори со романската Dacia.
Во Источно германскиот град Ајзенах каде што сега се
произведува новата Opel Corsa, најверојатно ќе почнат да се
произведуваат автомобили кои ќе го носат беџот на Wartburg.
Идејата е моделите на Wartburg да бидат поевтина верзија на Corsa и да се склопуваат на истата производна лента како и
успешниот мал автомобил на Opel.
Во својот матичен град Wartburg
произведувал автомобили од средината на педесетите па се до 10 април 1991 кога
целосно е запрено производството. За овој период од неполни четириесет години
од погоните на Wartburg се излезени 1.2 милиони автомобили.
За разлика од моделите на Trabant кои сеуште
можат да се сретнат на патиштата низ Источна Германија и Централна Европа,
моделите на Wartburg како целосно да исчезнаа. Секако тоа не е случајот и во
Македонија.
Кај нас моделите на Wartburg сеуште
верно им служат на своите горди сопственици, посебно последните серии кои под
хаубата пакуваа бенизнски четирицилиндарец од Volkswagen.
Идеи за оживување на Trabant како марка
до сега имало, но ова е првпат по престанокот на производството пред 18 години
да се роди идеја за враќање во живот на Wartburg.
Во Оpel очигледно не седат со скрстени раце и бараат нови извори
за приходи. Воедно сакаат да ги анимираат потенцијалните купувачи од земјите од
Источна Европа, Русија и останатите држави од бившиот Советски Сојуз кои сеуште
имаат скромни примања, но на овој начин ќе можат да се закитат за евтин, а
квалитетен производ.
Тука има и маркетиншки потег. Имено купувачите од
наведените региони се сеќаваат на автомобилите на Wartburg како
возила од средната класа.
„Се размислува за производство на евтин автомобил со цена
до 9.000 евра кој ќе се продава под името Wartburg,”
истакнува шефот на фабриката на Opel во Ајзенах, Харалд
Лиске.
Според него добар прием на овие возила се очекува во
Источна Европа, а за да се задоволат барањата на купувачите моделите ќе бидат идентични
со бразилската верзија на Chevrolet Corsa.
Пред да стартуваат со производство на модели под името Wartburg во Opel ќе мораат
да се справат со уште еден проблем. Имено тие ќе мораат прво да ја откупат
сопственоста над името Wartburg кое сега и припаѓа на фондацијата Wartburg
Stiftung.
 
|