|
Земјотресите кои ја погодија Јапонија го запреа и производството на автомобили. Фабриките на автомобилските гиганти Toyota Motor, Nissan Motor и Honda Motor од денес се целосно затворени.

Во моментот не се знае кога фабриките на автомобилските компании би можеле да го рестартираат производството. Toyota најави затворање на дел од фабриките уште во саботата заради намалување на ризикот од штета.
Од денес сите фабрики се затворени, а истата одлука ја донесе и Honda со што се прекинува дневното производство од преку 4.000 автомобили кои се наменети како за домашниот пазар така и за извоз.
Примерот на Toyota и на Honda го следи и Nissan несакајќи да ги изложи на ризик вработените во компанијата. Воедно трите компании превземаат мерки со кои во случај на уште силни потреси би се редицирале штетите.
Известувачите од терен велат дека ситуацијата е сериозна и дека покрај големите производители фабриките ги затвораат и нивните кооперанти. Сето ова ќе се одрази и на производството на автомобили во останатите држави каде јапонските марки имаат свои производствени погони.
Јасно е дека силните земјотреси ќе остават голема лузна на јапонската економија, но и на сите држави кои директно или индиректно зависат од неа. Проценки за штетите се прават, но никој суште неможе да утврди колкави ќе бидат тие.
|