|
04.11.2010 |
|
Станува збор за видео реклами скроени во Британија во кои Skoda Fabia RS се претвора во вистински ѕвер спремен да напаѓа и гризе и ја покажува разликата меѓу обичната Fabia и лутиот RS.

За нервозната Skoda Fabia RS веќе пишувавме и колку за потcетување да наведеме дека под хауба го пакува турбо бензинецот TSI од 1.4 литри кој на предна оска ослободува 180 КС.
Со него Fabia RS успева да надмине 220 km/h и спринтува до 100 km/h за 7,3 секунди па не е ништо чудно што зелениот ѕвер во спотот е подготвен да гризе, но само кога се во прашање перформансите.
Од друга страна ѕверoт e навистина зелен бидејќи штеди и има просечна потрошувачка од 6,4 l/100 km. Едноставно податоците ја оправдуваат идејата за Зелен Ѕвер претставена во видеото.
Кликнете долу на насловите за да ги погледнете видeата за:
Слатката Fabia
Лутата Fabia RS
|