|
Насловот не се однесува само на меѓучовечките врски туку и на врската човек автомобил, поточно, маж или жена и автомобил, односно кој подолго останува вљубен во својот миленик на четири тркала.

Победата повторно оди на сметка на припадничките од понежниот пол. Имено според едно истражување на американска лизинг компанија Lease Trade со седиште во Мајами жените подолго остануваат вљубени во својот нов автомобил од мажите.
Би рекле нема шанси. Има и тоа го докажува анкетата. Анкетирани биле 2.500 испитаници и по сумирање на податоците било утврдено дека за околу четири месеци новиот автомобил му станува досаден на мажот.
После четири месеци користење испитаниците реагирале различно. Од нив 33% признале дека почнуваат да невнимаваат при паркирање и повеќе го лепат автомобилот до ѕид, други возила и огради.
22% немале ништо против да стават валкани спортски реквизити и опрема на задните седишта, а 17% од мажите престанале да го чистат автомобилот сами и поретко почнале да одат во сервис за миење возила.
12% од мажите почнале да се бунат против високите месечни ануитети кои ги исплаќаат на лизинг компанијата, а 3% од мажите престанале да се бунат кој ќе го вози автомобилот.
Од друга страна автомобилот многу повеќе го окупирал вниманието на жените.
Кај брачните парови дури 39% од жените истакнале дека по четири месеци мажите има дозволиле тие да возат место нив и им ја препуштале грижата за автомобилот.
Во четирите месеци колку што траела анкетата само 12% од жените престанале да се грижат за автомобилот и почнале да јадат внатре. Само 9% почнале да се шминкаат додека возат, а само 2% почнале да пушат во автомобилот.
Значи новиот автомобил подолго го окупира вниманието на жените, додека мажите својствено на природата брзо се заситуваат од играчката и бараат нова.
|