Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Зошто Hyundai може, а BMW и ние не?
29.09.2011

Ова е прашањето кое шефот на Volkswagen, Мартин Винтеркорн му го поставува на Клаус Бишоп, шефот на дизајн марката при разгледувањето на новиот Hyundai i30 на салонот во Франкфурт.

winterkorn-vs-hyundai-i30-1-2011-1

Имено Винтеркорн со цела свита раководители на оддели во Volkswagen замина во неофицијална посета на штандот на Hyundai за да ја разгледа новата генерација на i30 за која се верува дека ќе биде голем конкурент меѓу компактите.

Опремен со цела низа инструменти за проверка на дебелината на лакот на каросеријата, зјаевите меѓу спојовите на каросеријата и меѓу елементите во кабината и метро за проверка на мртвиот агол Винтеркорн го прегледа хечбекот на Hyundai и на крај влезе во кабината.

За око му запна рачката за местење на воланот и му се обрати на својот шеф на дизајн и за и му се обрати на својот шеф на дизајн Клаус Бишоп: „Лостот за месетење на воланот се движи наполно безшумно. BMW неможе да го направи, ние неможеме да го направиме, зошто тие можат?”.

Во дијалогот Бишоф се обидува да објасни дека има решение за тој проблем, но се покажало дека тоа е премногу скапо и затоа се откажал од него.

Винтеркорн не престанува да го фали i30 наведувајќи дека многу му се допаѓа решението на бришачите бидејќи се сокриени од погледот на возачот, но наоѓа и забелешки.

„Автомобилот е со високо ниво на опременост, но нема автоматско затемнување на ретровизорот,” забележува тој и не пропушта да ја измери слепата зона што ја сочинуваат надворешниот ретровизор и носачот А.

За да се долови целата атмосфера на необичниот настан вреди да се погледне видеото.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook