|
28.11.2007 |
Повелета мала помош од Winplus при
паркирање. Во Winplus веруваат дека ваквите мали иновативни направи ќе бидат
од насушна потреба за полесно снаоѓање во современиот сообрaќај.
Местата за паркирање стануваат се потесни, а автомобилите
се пошироки, па така наскоро на сите ќе ни биде потребна мала помош при
паркирање.
Winplus вели дека неговиот безжичен систем е најдобрата алатка
за возење во рикверц. Се состои од малечка камера која се монтира на браникот
или на регистерската табличка и екран од 7 инчи кој пружа доволно голем поглед
на сето она што се случува зад автомобилот.
Кутијата во која е сместен екранот и мозокот на системот
има два приклучоци за USB, па така паралелно може да ги
напојува и вашиот мобилен телефон и iPod.
|