|
15.06.2007 |
Доколку сте го модификувале моторoт или пак вградиле
спортски издув, најверојатно знаете колку лесно се активира некоја сијаличка на
таблата со инструменти која предуредува на грешка.
А кога сијаличката ќе алармира назад в гаража и трошење
време и пари за да се открие причината и да се отстрани.
Од сега скапите посети на сервис ги заменува рачен читач
на грешки од Gandan. Новиот производ со сложено име GCR05 кое
најверојатно ретко кој ќе успее да го изговори наизуст, а е кратенка од Gandan
Code Reader нуди брза и едноставна алтернатива.
Ќе ја изгасне секоја алармна сијаличка од моторот за
помалку од 10 секунди и ќе ви посочи која е причината за грешка што го
принудила да се запали.
Овој читач на грешки не бара батерии, но не е семоќен,
односно има ограничувања само во поглед на годината на производство. Ги открива
сите грешки на автомобилите со бензински мотор произведени од 2001 наваму и
оние со дизел произведени од 2004. Значи постарите автомобили не влегуваат во
неговиот список.
Цената не е мала околу 90 евра, но тоа се само неколку
пати приклучување на тестер во сервис.
За повеќе информации посетете ја страницата www.faultcodereader.co.uk.
|